Францускиот репрезентативец Ентони Гризман и следната сезона ќе биде дел од Атлетико Мадрид одбивајќи ја отворената понудата на Барселона за преселба на Ноу Камп.

Гризман по завршување на сезоната најави дека пред почетокот на Мундијалот ќе ја открие одлуката околу иднината. На пресот на француската селекција тој не ја обелодени, но тоа го направи вечерва на својот официјален профил на социјалните мрежи поставувајќи видео со содржани „Мои навивачи, мој тим и мој дом !“

Целата драма резултираше со среќен крај за Атлетико Мадрид, но фудбалерот јавно беше нападнат за начинот односно за циркузот кој го направи околу својата одлука.

OhridNews