Францускиот репрезентативец во редовите на Атлетико Мадрид, Ентони Гризман бурно реагираше на новинарското прашање за евентуално заминување од Винсенте Калдерон.


Името на Гризман, последниов период најмногу се поврзува со Манчестер Јунајтед кој подготвен е да го одврзе ќесето за услугите на напаѓачот.

– Меси и Роналдо никој не ги прашува за трансфери, констатно тој притисок се прави на мене. Оставетеме на мир, а не е фер ниту за навивачите на Атлетико Мадрид да зборувам на таа тема. – луто им изјави Гризман за неговата иднина.

Гризман во Атлетико Мадрид пристигна од Реал Сосиедад во 2014 година и се афирмираше во водач на екипата. Клаузулата во неговиот договор со „јорганџиите“ изнесува 100 милиони евра.

OhridNews