Францускиот репрезентативец Ентони Гризман одновно е херој на Атлетико Мадрид постигнувајќи ги двата погодоци во победата (2-0) над Гетафе.


Погодоците најдобриот играч на Атлетико Мадрид ги постигна во 4-та односно во 90-та минута со кои ја осигура четвртата победа сезонава.


Со триумфот Атлетико изби на чело на табелата во шпанската Ла Лига, но Барселона и Реал Мадрид имаат по натпревар помалку.

Резултати : Атлетико Мадрид – Гетафе 2-0, Еспањол – Валенсија 1-0, Гранада – Реал Сосиедад.

Мх.П.