Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, рекол дека неговиот тим ќе се бори опстанок доколку во продолжение на шампионатот игра како на саботниот меч против Легањес.


Актуелниот вицепрвак на Европа, Атлетико Мадрид, по воведните две кола има освоено два бода, откако по ремито со Алавес (1-1), ремизираше и кај новиот прволигаш Легањес.

„Доколку продолжиме вака да играме ќе се бориме за опстанок. Мораме да се разбудиме, ако не го направиме тоа ништо нема да зависи од нас. Мора да продолжиме да работиме напорно и да започнеме да личиме на екипата од мината сезона“, рекол Гризман за шпанските медиуми, пренесува „Макфакс“.

Првата можност за победа во новата сезона Атлетико ќе ја има на 10.септември, кога ќе и гостува на Селта.

OhridNews