Атлетико Мадрид ќе остане без првата виолина во екипата, откако Ентони Гризман побарал дозвола за трансфер од челниците на клубот и тренерот Диего Симеоне.

Како што пренесува „Марка“, Гризман побарал итен состанок со Симеоне и челниците на кој им соопштил дека сака да ја промени средината односно да замине од Атлетико Мадрид.

За најсериозен кандидат за потписот на Гризман е Барселона која веројатно нема да има проблем да ја плата клаузулата од 120 милиони евра која ја има францускиот репрезентативец во договорот.

Гризман пред година беше пред трансфер на Ноу Камп, но со пресврт во последен час Французинот остана и ја продолжи соработката со „јорганџиите“.

OhridNews