ГРК Охрид ќе го брани трофејот на Меѓународниот ракометен турнир Струга
12.08.26 10:56
ГРК Охрид ќе го брани трофејот на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што се одржува од денес до 15 август на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“.
Годинава на турнирoт ќе настапат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се Вардар, Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б ќе играат домаќинот Струга, Охрид и српскиот претставник Дубочица од Лесковац.
Првиот ден меѓу двата натпревара ќе се одржи и свеченото отворање на турнирот. Во 18:30 часот играат екипите на Вардар и Прилеп, следи од 20:00 часот Свечено отворање, а во 21:15 часот играат ГРК Охрид и домаќинот Струга.
Утре и во петок ќе се играат по два напревари на ден, додека во сабота се дуелите за пласман.
Струшкиот турнир се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија.
Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона откако денес потпиша договор со клубот Бошалески летово ги одигра и...
Охрид во јуни годинава го посетиле 35 446 туристи од кои 10 487 домашни и 24 959 странски Истите оставриле 77 011 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) За споредба ...
Во атарот на манастирот „Св Петка“ во Велгошти со почеток во 20 часот утре, 13 август, ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ со која се чествува творештвото на на големиот ма...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.