ГРК Охрид ја совлада екипата на Динамо Панчево 20:27, во полуфиналниот натпревар од 5тото издание на Турнирот “Вук Рогановиќ”, што се одигра вечерва во Белград.
Иванковиќ беше најефикасен со 7 гола, Пилиповиќ оствари 13 одбрани и беше прогласен за играч на мечот.
Статистика ГРК Охрид:
Стрмљан 4, Ојлески 3, Иванковиќ 7, Кукуловски, Трајчески, Ристески, Тасески 4, Реј, Савревски 3, Лиапис, Бојаниќ, Петриќ 3, Ќосевски 3, Блажески, Пилиповиќ (13 одбрани), Ѓорѓески.
Гладијаторите утре играат во финалето на турнирот (почеток 17ч.), против победникот од натпреварот Тримо Требње – Партизан.
OhridNews























