ГРК Охрид обезбеди пласман во финалето на 54. Меѓународен ракометен турнир во Струга, откако синоќа ја совлада екипата на Дубочица со 26:21.
Охриѓани ја забележаа втората победа на турнирот и со максимални шест бода го освоија првото место во групата А, пред Дубочица и домаќинот Струга, со што обезбедија настап во мечот за трофејот.
Во победата над Дубочица, Стрмљан постигна 6 гола, Мате 5, Ѓукиќ 4, Ојлески и Јошида по 3, Зечевиќ, Ивановски и Кеита по 2, а Савревски и Лиапис по еден гол. Одличен настап имаше и голманот Славиќ со 14 одбрани.
Во групата Б, Вардар 1961 и Прилеп имаат по три бода, додека Бутел е без бодови. Во синоќешниот натпревар Прилеп го совлада Бутел со 31:29.
За ГРК Охрид ова ќе биде можност да го одбрани трофејот на традиционалниот Струшки ракометен турнир, кој го освои минатата година.
Г.М.












