Плеј-оф возбудувањата продолжуваат. ГРК Охрид во рамки на 8 коло, денеска го пречекува скопски Бутел.

Не очекува натпревар против доста незгоден борбен противник. Но, по мене неизвесен со позитивен резултат за нас. Како и до сега и на овој натпревар против Бутел ќе дадам се од себе, а се надевам дека и моите соиграчи ќе бидат оптимисти и ќе извојуваме победа над екипата на Бутел, ќе донесеме нови три бода кои ќе не донеста на чекор поблиску до оставрување на нашата цел. Очекувам победа и силна поддршка од публиката за наредната есен да гледаме европски Охрид, вели голманот на ГРК Охрид, Бобан Ристевски.

Натпреварот се игра од 19 часот во салата „Билјанини извори“.

OhridNews