Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово. Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги освојат бодовите.

Натпреварот се игра со почеток во 18:30 часот во салата „Перо Наков“.

По осум одиграни кола ГРК Охрид се наоѓа на четвртото место со 13 бодови, три помалку од лидерот Вардар.

OhridNews