Реванш натпреварот од 2 коло од ЕХФ Европскиот куп помеѓу ГРК Охрид и РК Баки, Азербејџан, ќе се одигра денеска во салата „Билјанини извори“.

Во првиот натпревар одигран синоќа, исто така во Охрид, „гладијаторите“ забележаа убедлив триумф од 44:11 со што практично решија патникот во третото коло.

Натпреварот Охрид – Баки, почнува во 18 часот.

Противникот на Охрид во следното коло од ЕХФ Европскиот куп ќе биде познат на 21 октомври.

Г.М.
Фото: А. Момироска