ГРК Охрид одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп ќе ја започне пред својата публика. И двата натпревари од второто коло против турски Спор Тото СК ќе се одиграат во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Првиот натпревар е закажан за 23 октомври (петок) од 18:30 часот, а реваншот ќе се одигра веќе следниот ден, 24 октомври (сабота), исто така од 18:30 часот.
„Гладијаторите“ минатата сезона ја испишаа најголемата страница во клупската историја со освојувањето на ЕХФ Европскиот куп, а новата европска мисија ќе ја започнат токму таму каде што ја кренаа шампионската круна, во салата „Билјанини извори“.
Победникот од двомечот ГРК Охрид – Спор Тото ќе обезбеди пласман во третото коло на ЕХФ Европскиот куп.
Г.М.











