Ракометарите на Охрид забележаа висока победа во првиот натпревар од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп. Вечерва во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид го совлада РК Баки од Азербејџан со 44:11.
Натпреварот од почетокот течеше само во еден правец. ГРК Охрид од минута во минута ја зголемуваше предноста, Чаневски беше сигурен на голот, а нападот исклучително ефикасен.
Реванш натпреварот исто така ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид, утре, 12ти октомври, со почеток во 18ч.
Статистика ГРК Охрид: Чаневски (22 одбрани), Стрмњан 5, Ојлески 6, Иванковиќ 9, Кукуловски 2, Шипинкоски 2, Ристески, Тасески 3, Реј Моралес, Савревски 2, Лиапис 3, Блажески, Бојаниќ, Петриќ 5, Џукиќ 7, Ѓорѓески.
Фото галерија:
OhridNews
Фото: А.Момироска