Ракометарите на Охрид попладнево пристигнаа во Прага, каде што ќе го одиграат реваншот против Дукла Прага.

Тие вечерва го одработија единствениот тренинг во Спортскиот центар “Репи”, каде утре ќе го одиграат реванш натпреварот од 1/8 финале од ЕХФ Европскиот Куп.

ГРК Охрид на реваншот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп отпатува со ÷9 обезбедени во првиот натпревар што се одигра во салата “Билјанини извори” кој “Гладијаторите” го добија 30:21.

Возвратниот натпревар помеѓу Дукла Прага и Охрид се игра утре вечер во спортскиот центар “Репи” со почеток во 18 часот.

OhridNews

Фото: А.Момироска