Во рамки на 4-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид ја пречекува екипата на РК Прилеп во петок, 25 септември.
Не очекува еден предизвикувачки натпревар, но мислам дека фокусот треба да ни биде на нас самите и нашата игра. Ако влеземе во мечот со 100% мислам дека победата не треба да биде доведена во прашање, ќе ја продолжиме победничката низа и ќе запишеме нови два бода, изјави голманот на ГРК Охрид, Дино Славиќ.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 19:45 часот.
OhridNews











