ГРК Охрид, синоќа, славеше над Тиквеш во Кавадарци со 20:24, полувреме 6:14.
Охрид мечот го реши уште во првото полувреме кога создаде огромна предност од +8 која умешно ја сочува до крајот.
Најефикасни на натпреварот беа Орјоникидѕе со 9 погодоци и Ѓорѓески со 16 интервенции, од кои 3 одбранети пенали.
Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески, Јукиќ 5, Ристевски, Тасески, Шафранко 1, Јотиќ 1, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски, Орјоникидѕе 9, Бојаниќ, Винисиус, Цирар 6, Ѓорѓески (16 интервенции, од кои 3 пенали).
Пред ГРК Охрид претстојат натпревари од групната фаза од купот. Во недела во “Билјанини извори” Охрид најпрвин ќе се сретне со Прилеп, а победникот ќе се соочи со подобриот од дуелот Тиквеш – Аеродром. Победникот од групата Г ќе обезбеди пласман на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Г.М.