Еден од најдобрите играчи на ГРК Охрид минатата сезона, грузискиот лев бек, Теимураз Орјоникидзе, го нашушти клубот.

По повредата со која се здоби при репрезентативен настап во месец мај, за жал, не успеа да му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ за време на зимскиот припремен период, по што клубот и играчот се договорија спогодбено да го раскинат договорот кој што беше со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона. На нашиот Темо му посакуваме добро здравје и побрзо да се врати на ракометните терени, соопшти ГРК Охрид.

Во меѓувреме специјализираниот портал Балканхендбал објави дека ГРК Охрид ќе се засили со хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ. Тој во Охрид ќе пристигне на лето и ќе е обврзе на верност со клубот до 2028 година.

ГРК Охрид ја стартува втората полусезона на 9ти јануари. Екипата 10 дена ќе биде во Р. Србија на зимски припреми. Од 9 – 16.01 екипата ќе престојува во Врбас, каде ќе одигра еден пријателски натпревар на 13.01.2026 со екипата на Врбас.

На 17 и 18.01 екипата ќе биде дел од 5тото издание на Турнирот “Вук Рогановиќ” во Белград, каде што игра полуфинале со екипата на РК Динамо Панчево (Србија), а другиот ден се играат натпреварите за медали. Останати учесници на Турнирот се екипите на РК Партизан (Србија) и РК Тримо Требње (Словенија).

На екипата на ГРК Охрид во овие припреми ќе и недостасуваат Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ кои ќе бидат дел од Европското првенство и настапуваат за Србија, односно Хрватска.

Г.М.