Актуелниот освојувач на европски трофеј ГРК Охрид доби уште едно признание во пресрет на почетокот на одбраната на титулата. „Гладијаторите“ се најдоа на првото место на Power Ranking листата за сезоната 2026/27 во ЕХФ Европскиот куп.

Охрид е рангиран пред швајцарски БСВ Берн и романска Потаиса Турда, додека уште еден македонски претставник, Алкалоид, се наоѓа на четвртото место.

Топ 10 на Power Ranking листата:

  1. ГРК Охрид
  2. БСВ Берн
  3. Потаиса Турда
  4. Алкалоид
  5. Олимпијакос
  6. Бешикташ
  7. Островија Остров
  8. Тримо Требње
  9. Војводина
  10. Нербо

Првото место на листата доаѓа по историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп и го запиша најголемиот успех во клупската историја. Во финалето охриѓани двапати ја совладаа Татабања – 29:28 во Унгарија и 31:25 во преполната „Билјанини извори“. ЕХФ го издвојува и максималниот домашен ефект на Охрид во шампионската сезона – седум победи на седум натпревари.

Сега пред европскиот освојувач е нов предизвик и почетокот на одбраната на трофејот. Противник на ГРК Охрид во второто коло од ЕХФ Европскиот куп е турски Спор Тото СК, а двата натпревари ќе се одиграат во Охрид на 23 и 24 октомври, со почеток во 18:30 часот.

Г.М.