Ракометарите на Охрид се пласираа во 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп откако во два меча беа подобри од претставникот на БиХ Слога Добој. По победата со 18 голови разлика дома, Охрид вечерва славеше убедлив триумф и во Градишка совладувајќи ја екипата на Слога Добој 18:42.

ГРК Охрид оствари висока победа и на реваншот со Слога Добој. Фото: А. Момироска.

На голот и вечерва блескаше Кристијан Пилиповиќ со 15 одбрани, Бојан Блажески оствари 6, а Даниел Ѓорѓески 1 одбрана. Во нападот најефикасен беше Савреско 9 гола од исто толку обиди, а Лијапис постигна 5 од 6 обиди.

Савревски стрелаше 9 од 9 во реваншот со Слога Добој. Фото: Анамарија Момироска.

Статистика ГРК Охрид: Блажески (6 одбрани), Пилиповиќ (15 одбрани), Ѓорѓески (1 одбрана), Стрмљан 3, Ојлески 4, Јагуриноски 1, Иванковиќ 1, Кукуловски 1, Крсманчиќ 4, Шипинкоски 2, Ристески 4, Тасески 4, Реј, Савревски 9,, Петриќ 4, Лиапис 5.

Со високата победа на гости Охрид ја оправда фаворитската улога во двомечот со Слога Добој и стекна дополнителна самодоверба за претстојниот тек од сезоната.

Следниот противник на Охрид во еврокупот ќе го одреди ждрепката, а во меѓувреме екипата ја очекуваат и обврски во домашното првенство.

Г.М.
Фото: А. Момироска