ГРК Охрид на 6 септември, недела, ја започнува новата сезона 2026/27 во македонската ракометна Суперлига, а уште на стартот охриѓани ги очекува големо дерби. Во првото коло во СЦ „Билјанини Извори“ гостува Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе започне во 19 часот.

Распоредот носи интересен и тежок почеток на сезоната за „гладијаторите“. И во второто коло Охрид ќе игра пред домашната публика, против Струга, на 12 или 13 септември, по што следува првото гостување во новата сезона.

Во третото коло, на 19 или 20 септември, охриѓани ќе гостуваат во Скопје кај Бутел, додека септемвриската програма ќе ја заокружат на 26 или 27 септември со домашен натпревар против Прилеп.

Во продолжение на сезоната следуваат и пресметките со Вардар 1961, Алкалоид, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Младост 1977 и Тиквеш 2014.

Но, пред стартот на суперлигашките возбудувања, ГРК Охрид го очекува борба за првиот трофеј во новата сезона. Утре, 2 септември, „гладијаторите“ ќе се соочат со актуелниот шампион Вардар 1961 во Суперкупот на Македонија. Натпреварот се игра во салата „26 Април“ во Гевгелија со почеток во 19 часот. (gol.mk, ohridnews.com)

Така, ГРК Охрид во само пет дена го очекуваат две големи пресметки – борба за трофеј со Вардар и дерби со Еурофарм Пелистер за отворање на новата суперлигашка сезона.

OhridNews