ГРК Охрид со победа стартуваше на петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што денеска започна во СРЦ „Билјанини извори“.
Охриѓани ја совладаа репрезентацијата на Египет до 20 години со 31:27, откако на полувремето имаа предност од 15:12.
За најкорисен играч (МВП) на натпреварот беше прогласен Адама Кеита, кој беше и најефикасен во редовите на Охрид со 7 погодоци. Лиапис постигна шест гола, додека Савревски, Талески и Ивановски постигнаа по три.
Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 1, Ојлески, Јагуриноски 2, Јошида, Кеита 7, Карапалевски 1, Славиќ, Ристески, Тасески, Савревски 3, Лиапис 6, Талески 3, Блажески (6 одбрани), Зечевиќ 2, Ивановски 3, Ѓукиќ 2, Ќосевски 2, Ѓорѓески (6 одбрани).
Во последниот натпревар од првиот ден, Загреб ја совлада Војводина со 24:21, со што беше комплетирана воведната програма на петтото издание на турнирот „Крсте Андоновски“.
Претходно Вардар 1961 убедливо го совлада Олимпијакос со 39:27.
Г.М.















