ГРК Охрид вечерва пред својата публика ја започнува одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп. Првата пречка на новиот европски пат е турски Спор Тото, а пласманот во третото коло ќе се решава во два натпревари во два дена во СРЦ „Билјанини извори“.
Првиот натпревар се игра вечерва, 23 октомври, од 18:30 часот, а реваншот е утре, 24 октомври, исто така од 18:30 часот.
Европската ракометна федерација во најавата за второто коло посебно го издвојува ГРК Охрид како актуелен шампион кој ја започнува одбраната на трофејот. ЕХФ посочува и дека охридскиот состав претрпе значителни промени во однос на екипата која минатата сезона стигна до историскиот европски успех.
Од шампионскиот тим заминаа неколку значајни ракометари, меѓу кои Кристијан Пилиповиќ, Вуко Борозан, Косукe Јасухира и Џанфранко Прибетиќ, додека меѓу новите имиња ЕХФ ги издвојува искусниот хрватски голман Дино Славиќ, унгарскиот репрезентативец Доминик Мате и францускиот интернационалец Адама Кеита.
Новата европска сезона, сепак, почнува со непроменета амбиција. ГРК Охрид во неа влегува како бранител на трофејот, но и како првопласирана екипа на Power Ranking листата на ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2026/27.
„Гладијаторите“ минатата сезона ја испишаа најголемата страница во историјата на клубот. Во финалниот двомеч со Татабања славеа со 29:28 во Унгарија, а потоа пред преполните трибини во „Билјанини извори“ победија со 31:25 и го освоија првиот европски трофеј.
Токму домашниот терен беше една од најсилните страни на Охрид на патот до европската круна. Шампионската сезона ја заврши со максимален ефект пред својата публика од седум победи на седум европски натпревари во „Билјанини извори“.
Сега започнува нова приказна. Противник е Спор Тото, екипа од Анкара со искуство во европските натпреварувања, а специфичноста на двомечот е што и двете средби ќе се одиграат во Охрид.
По историската европска пролет и освоениот трофеј, „Билјанини извори“ повторно ќе биде европска сцена. Вечерва ГРК Охрид го прави првиот чекор во обидот да ја одбрани круната.
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организациј...
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Со свечена академија „Од идеја до независност“, што вечерва се одржа на малата сцена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид го започна одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.