ГРК Охрид забележа убедлива победа на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, славејќи со 39:25 во натпреварот од 11. коло на ракометната Супер лига.
„Гладијаторите“ ја оправдаа фаворитската улога и со новите два бода ја продолжија успешната серија во домашното првенство.
Најефикасни во составот на Охрид беа Тилен Стрмљан и Доминик Мате со по седум погодоци, Адама Кеита постигна шест, а Харис Лиапис пет гола. На голот Дино Славиќ забележа 12 одбрани.
Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 7, Ојлески 2, Јошида 1, Иванковиќ 2, Кеита 6, Карапалевски 1, Савревски 4, Мате 7, Лиапис 5, Ивановски, Ѓукиќ 2, Ќосевски 1, Славиќ 12 одбрани, Блажески 1, Ѓорѓески 1.
По првенствените обврски, вниманието на охридскиот тим се насочува кон европската сцена. На 21 и 22 ноември, во СРЦ „Билјанини извори“, ГРК Охрид ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во третото коло од ЕХФ Европскиот куп.
OhridNews












