Салата „Билјанини извотри“ вечерва беше претесна да ги прими сите љубители на ракометот, а дел останаа пред вратите на спортскиот храм. Меѓу нив имаше и гледачи со карти што предизвика револт, а клубот по завршувањето на мечот упати јавно извинување кое го пренесуваме во целост:.

Почитувани,

На ниту еден натпревар на кој ГРК ОХРИД бил организатор досега не се јавил организациски проблем, па поради тоа сите Вие симпатизери коишто купивте карта за натпреварот помеѓу ГРК ОХРИД и РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, а не бевте во можност да го следите истиот во живо во СРЦ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, клубот длабоко Ви се извинува поради таквиот организациски пропуст.

По претходно укажување на редарските служби и службите при Министерството за внатрешни работи, а и од причина што натпреварот беше прогласен за меч од висок ризик, беше одлучено да се затворат вратите од спортската сала на половина час пред почеток на натпреварот.

Ве известуваме дека за преостанатите два натпревари од плеј-офот кои ГРК ОХРИД ќе ги одигра како домаќин против екипите на РК Пролет и ГРК Тиквеш, влезот ќе биде слободен за сите навивачи и симпатизери на ГРК Охрид.
ОХРИДЕ, Ви благодариме на Вашата поддршка во текот на целата сезона. – се наведува во соопштението на ГРК Охрид.

OhridNews