ГРК Охрид го стартува вториот дел од сезоната. Во рамки на 19-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид утре, 04 февруари, ја пречекува екипата на РК Прилеп.

Тимот се чувствува свежо, добро се подготвивме и очекувањата се да го одиграме нашиот најдобар ракомет, вели ракометарот на ГРК Охрид  Ален Ќосевски.

Тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ за вториот дел од сезоната очекува добри резултати и постепено вклопување на новите играчи во екипата.

Секогаш очекувам најдобро и се надевам на најдобро. Имаме три нови играчи и не е лесно да се вклопат во екипата, но ќе пробаме во периодот кој доаѓа на најдобар начин да имаме добри резултати и момците полека да влегуваат во системот и да се приклучуваат со што повеќе минути на терен, вели Ројевиќ.

Натпреварот ГРК Охрид-РК Прилеп ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:00 часот.

OhridNews