ГРК Охрид во недела во рамки на шестото коло од ракометната Супер лига гостува кај екипата на РК Еурофарм Пелистер.
Во недела не чека тежок натпревар пред полна сала во Битола. Свесни сме дека мора да бидеме цврсти и агресивни во одбраната во текот на целиот натпревар, а во нападот да играме паметно со што помалку технички грешки. Натпреварот сигурно ќе биде интересен, затоа ги повикувам сите наши навивачи да не поддржат во што поголем број, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан.
Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.
OhridNews