Ракометарите на Охрид во рамки на 12 коло од Супер лигата во среда, 12 ноември, ја пречекуваат екипата на Алкалоид.
Алкалоид е тежок противник, еден од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа година. Максимално треба да влеземе во натпреварот и се надеваме на два бода. Сакаме да го одбраниме нашиот домашен терен, како и до сега оваа сезона, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Џукиќ.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 19 часот.
OhridNews











