ГРК Охрид загуби од РК Еурофарм Пелистер во натпреварот од 6 коло од Супер лигата кој се одигра вчера вечер во салата „Боро Чурлевски” во Битола со 33:27 (полувреме 18:14)

Статистика ГРК Охрид:
Чаневски (1 одбрана), Стрмљан 5, Ојлески 2, Иванковиќ 1, Савревски 6, Лиапис 4, Блажески (2 одбрани), Бојаниќ 2, Петриќ 1, Џукиќ 6, Ѓорѓески.
Не одговоривме така како што требаше, отпочеток да одиграме силно и компактно во обраната, не одигравме како што се договориме пред натпреварот и тоа резултураше со лошо прво полувреме. За жал. во второто полувреме не успеавме да го фатиме чекорот со нив и резултатот е таков, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ по натпреварот, додавајќи дека главниот фокус им е Европа.
Охрид го очекува двомеч со Баки од Азербејџан во 2 коло од ЕХФ Европскиот куп што ќе се одигра на 11 и 12 октомври во салата Билјанини извори.
OhridNews














