Извлечени се паровите за Ф4 Турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одигра од 17-19 април во Струмица. Во првиот полуфинален натпревар ГРК Охрид ќе сретне со екипата на Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одигра во петок, 17 април, со почеток во 17 часот.
Финалниот натпревар ќе биде одигран на 19 април, недела, со почеток во 19 часот. Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Парк“ во Струмица.
OhridNews












