Македонската фудбалска репрезентација во полн состав се подготвува за пријателскиот дуел со селекцијата на Луксембург. Според извештаите атмосферата во националниот тим е на потребното ниво и се очекува добар настап против домашната селекцијата на Луксембург.


Се чувствува добрата атмосфера и желбата на сите тука повикани репрезентативци да одиграме добар натпревар на кој единствена опција е победата. Луксембург е послаба репрезентација од нас и иако во фудбалот денеска сите играат непредвидливо особено во репрезентативните пресметки ние мораме да одиграме максимално мотивирано и да потврдиме дека сме подобар противник – вели повратникот во националниот тим Бобан Грнчаров.

Популарниот Грне кој во дресот со  националниот грб  последен пат настапи против Ирска во Скопје, очекува да ја искористи укажанта можност. 

Ова е моја прва средба со новиот селектор,првите впечатоци се добри и убеден сум дека Тошак ќе подготви одлична селекција за следниот квалификациски циклус за СП 2014г. – рече Грнчаров .

Натпреварот се игра вечерва со почеток во 19ч. на националниот стадион Жоси Бартел кој е со капацитет од 8000 гледачи.

Ohridnews