Навивачите на Партизан со мобилни телефони ги гаѓаа кошаркарите на Црвена Ѕвезда кои ги поздравуваа своите фанови по завршување на „вечното“ дерби во последното коло од Супер лигата во Србија.

Еден од телефоните заврши во телото на корпулетниот Бобан Марјановиќ. Центарот на „црвено белите“ не заработи повреда и телефонот со кој беше погоден го подари на една од девојките во првите редови. Партизан победи со 92-82, а допрва следуваат возбудувањата со почнувањето на плејофот.

Ohridnews