Општинската организација на ГРОМ од Охрид на членовите на Здружението за телесно инвалидизирани лица им подари компјутер.

Членовите на здружението искажаа благодарност кон партијата, посочувајќи дека за нив овој подарок има голма важност и во многу ќе им помогне во секојдневните активности.

Oд општинската организација на ГРОМ од Охрид велат дека сите граѓани треба да бидат вклучени во општествените текови, а во ера на дигитализација тоа најбрзо оди со помош на компјутерската технологија, што било основен мотив за реализација на оваа хуманитарна активност.

OhridNews