Од СВР Охрид информираат дека на 10-ти септември, околу 22.30 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека во куќа во струшкото село Заграчани, се случил пожар предизвикан од удар од гром. Притоа, била опожарена кровната конструкција од куќата.

Пожарот бил изгаснат од страна на противпожарната единица од Струга.

OhridNews