Изминатиот викенд се одржа Националното првенство во Атлетика, како дводневен натпревар, на кое забележитечен успех имаа атлетичарите од АК Охрид.
Блаже Љушев го освои третото место во скок далечина, а Стефан Стефаноски сребро со идентичен резултат со првопласираниот во фрлање диск.
Андреј Куковски го освои третото место на трката на 400м.
Јован Стојоски беше доминантен во трката на 200м со златен медал и уште едно злато на 400м со пречки, подобрувајќи го повторно државниот рекорд кој е во негова сопственост.
Воедно, Стојоски беше дел од машката репрезентативна штафета 4х400м каде државниот рекорд стар 12 години беше подобрен за речиси 5 секунди.
Со овој натпревар заврши натпреварувачката сезона и следува мала, но заслужена пауза, шпо кока ќе започнат подготовки за следната сезона, информираат од АК Охрид.











