Викендов во градскиот парк Гази Баба во Скопје во организација на Велосипедскиот Клуб Енерџи од Скопје и Велосипедската Федерација на Македонија се одржа последниот натпревар за бодовната листа за оваа сезона во категоријата на планински велосипедизам.


Трката традиционално се вози од самиот почеток на развојот на планинскиот велосипедизам кај нас, иако се работи за патека која неможе да се пофали со големи висински разлики, цврстата набиена замја и нерамниот терен ја прават динамична но и доста тешка во однос на психичката и физичката подготвеност на велосипедистите со вкупна должина на кружницата од 4,5 км.

За учество во натпреварот се пријавија 54 велосипедисти во четири категории за бодовната листа и рекреативците – хоби во две подкатегодии жени и мажи. Од нашиот клуб за ушество на натпреварот се пријавија тринаесет велосипедисти.


Голем успех за охридскиот клуб во женската категорија, младата натпреварувачка Теодора Алексијоска повторно го освои сребрениот медал, а Марија Тодороска се закити со бронзениот медал. Во класата на кадети балкански шампион Јован Јованоски повторно се искачи највисоко на подиумот, а Андреј Хаџи Василев заврши како третопласиран. Јованоски уште еднаш ја потврди својата подготвеност соборувајќи го рекордот на патеката со време од 11 минути и 24 секунди. Претходното најдобро време го имаше Љубиша Кондев во класата на Сениори.


Солиден успех на натпреварот во категоријата на кадети, постигнаа  членовите, Петар Упевчески  на четвртата позиција и Новица Вељаноски на петтата позиција, додека во категоријата на Сениори, Коста Митрески заврши на шестата позиција. Во класата на хоби Филип Скрчески се пласира на 18 место, Кирил Шишкоски на 19 и Јаков Јованоски на 20 место.

Ohridnews