Четири златни, два сребрени и шест бронзени медаљи освои тимот на Карате-До Клубот “Шидокан“ од Охрид предводен од инструкторите Глигор и Данко Глигороски на на Меѓународниот Карате Куп “SHISEIKAN CUP“ во Софија – Бугарија, во организација на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација.


На турнирот учествуваа 6 држави со над 200 натпреварувачи во сите категории.

Со медаљи се закитија : Наум Калачоски во јуниори до 18 години освои 4 медала: злато во БОРБИ, злато во  ИЈКА КАТИ, сребро во ШОТОКАН КАТИ и бронза во КАТА ЕКИПНО.


Александар Димоски во јуниори до 13 години освои 4 медала: злато во ИЈКА КАТИ, сребро во ШОТОКАН КАТИ, бронза во БОРБИ, бронза во КАТА ЕКИПНО.


Наум Мишески во јуниори до 15 години освои 2 медала: злато во ИЈКА КАТИ, бронза во ШОТОКАН КАТИ

Кристијан Ангелоски во јуниори до 15 години освои 2 медала: бронза во ИЈКА КАТИ и бронза КАТА ЕКИПНО.

Ohridnews