Викендов во Пагани,Италија се одржа Отворено Таеквондо Првенство на Италија, на кое учество зедоа 23 клубови. Како единствен претставник од Р. Македонија беше Таеквондо тим  Хваранг Фист од Охрид. Екипата на Хваранг Фист е предводена од меѓународниот инструктор Јосифоски Ацо ИВ дан,светски Семиконтакт шампион и Европски Теквондо шампион.


Охриѓани во поединечна категорија освоија 5 златни,6 сребрени и 4 бронзени медали,натпреварувајќи се во борби и форми додека во екипна охридските преставници го освоија третот место со 15 медали со девет натпреварувачи. Второто место му припадна на Чешка со 16 медали но со 20 натпреварувачи а на првото место се искачи Италија со 22 медали.


“Менторите“ на трите екипи кои се најдона на пиедесталот се закитија со посебни награди за најдобри тренери на турнирот од претседателот на Италијанската Теквондо Федерација г-ин Антонио Тројано 8 дан.


Експедицијата на Таеквондо тимот Хваранг Фист му изразува голема благодарност до локалната самоуправа која ни го овозможи патувањето во Италија и до нашата “верна сенка“ Градежното претпријатие Ремис.

Резултати :
 
1.  Симоноска Емилија – 2 место борби – 1 место форми

2.  Симоноска Елена  – 2 место борби – 2 место форми

3.  Јовческа Слаѓана     – 1 место борби –  3 место форми

4.  Нестороска Александра – 1 место борби – 3 место борби

5.  Јосифоски Стефан – 3 место форми

6.  Димоска Марија  – 2 место форми

7.  Јованоски Борче  – 3 место борби

8.  Јосифоски Филип – 1 место борби – 2 место форми

9.  Стеваноски Валентин – 3 место форми

10. Грозданоски Климент – 1 место борби – 3 место форми

Мх.П.