-Нема потреба од ваква средба во период кога се чекаат претстојните состаноци со медијаторот на Обединетите Нации Метју Нимиц во Њујорк и кога треба да се види дали има перспектива за напредок. Грција во принцип нема ништо против средби, но под услов да има добра подготовка и уште поважно, да постои уверување дека средбата ќе има ефект, се вели во соопштението од грчкото МНР, се вели во соопштението од грчкото МНР.
Во испратеното известување од Аврамопулос до Филе се вели дека суштината на преговарачкиот процес под посредство на Нимиц е обликувана од одлуките на Советот за безбедност на ОН и никако не е поврзана со Европската Унија и нејзините институции.
Шефот на македонската дипломатија веднаш го прифатил овој предлог.