Нашиот јужен сосед Грција, поучена од поразот во кошарката каде момците на Докузоски ги посрамотија победувајќи ги како “мали деца“, нема да го пренесуваат мечот од Европското првенсво во Ватерпол помеѓу Македонија – Грција.

Оваа провокација треба да биде мотив повеќе за избраниците на Гочанин да ја “преслушаат“ Грција, и полека да си ги отворат вратите за вториот круг.

Натпреварот со Грција е закажан за 13 часот, а директен пренос ќе има на националната телевизија МТВ 1.

Mх.П.