Продлабочување, унапредување и интензицирање на односите меѓу Македонија и Бугарија, односно заложба за надминување на сите предизвици во духот на европските вредности, се пораките кои денеска ги пренесоа претседателите на владите  во Скопје и Софија, Никога Груевски и Бојко Борисов, на вчерашната средба во главниот град од земјава.

Како што се вели во соопштението од македонската влада, добрососедството треба да се надградува и дефинира како искреност и посветеност во реализацијата на практичните дела.

Инаку, Борисов во текот на вчерашниот ден ја посети земјава, остварувајќи неформална средба со премиерот Никола Груевки. двете земји од неодамна ги започнаа разговорите околу новиот документ за добрососедство, откако бугарските власти  тоа го побараа преку писмо од бугарскиот шеф на дипломатијата Младенов. Првичните резултати од разговорите, ќе бидат обелоденати за неколку недели.

OhridNews