„Остануваме посветени на нашите европски и евроатлански интеграции, нудиме конкретни иницијативи и чекори да го решиме отвореното прашање со јужниот сосед кое е единствена наша препрека да овозможиме дијалог и решение за кое задолжително ќе решаваме на референдум”, порача во своето обраќање македонскиот премиер.
Груевски и со порака до македонската дијаспора, да ги зачува врските со татковината, пред се преку промовирањето на македонскиот национален и културен идентитет, потоа зачувување на традицијата и пренесување на македонските обичаи.
„Република Македонија денеска е самостојна и демократска држава и таа не е само држава на граѓаните кои живеат во неа, туку матична држава и на Македонците од целиот свет. Сите заедно мора да работиме за да успееме. Затоа како премиер и Влада силно сме фокусирани и воведуваме активности кои и овозможуваат на дијаспората повеќе работи”, потенцираше Груевски.
извор: Makfaks