Нема договор за предвремени парламентарни избори, децидно изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при потпишувањето на Декларацијата за заедништво, партнерство и локален развој со коалициските партнери, пренесува „Макфакс“

Според него, опозицијата со мерките што ги презема за отпор рекла народот греши, опозицијата не е виновна за тоа.

„Ние сме биле диктатори или режим, а тие биле отпор. Немам што да кажам сериозно околу ова, освен Бог да чува!“, рече Груевски.

Груевски, овојпат јасно им порача дека условот на опозицијата за излегување на локалните избори, одржување и на предвремени парламентарни избори, нема да се оствари.

„Сега  тие бараат договор за предвремени избори. Сакам јавно да кажам, одлучно, децидно, нема договор за предвремени парламентарни избори. Секој со својата одговорност“, додаде Груевски.

OhridNews
извор:„Макфакс“