Со 53 гласа „за„, мнозинството пратеници во македонското собрание ги изгласаа законските измени според кои, на пратеник осуден на затворска казна над шест месеци, му се одземаат сите привилегии. Согласно тоа, екс премиерот Никола Груевски повеќе нема да добива пратеничка плата.

Дел од опозицијата сметаат дека законот е противуставен, со оглед на тоа што пратениците уживаат имунитет, согласно уставот и дека за случаите како со Груевски има други механизми како што е кратење на платата или одземање на мандатот.

Никола Груевски е осуден на две години затвор во предметот „Тенк“ на СЈО. Во ноември минатата година избега од Македонија во Унгарија, но и покрај тоа до сега ја добиваше пратеничката плата.

OhridNews