Мандатарот Никола Груевски до Собранието на Република Македонија вчера го достави предлогот за состав на неговиот кабинет.
Никола Попоски, досегашниот амбасадор во ЕУ, ќе раководи со македонската дипломатија, Министерството за земјоделство и во овој состав ќе го води Љупчо Димовски, а министер за труд и социјална политика ќе биде Спиро Ристески, кој досега беше заменик-министер во овој ресор.
Од редовите на коалицискиот партнер ДУИ има двајца вицепремиери – за европска интеграција е Теута Арифи, а за спроведување на Рамковниот договор – Муса Џафери. Валон Сарачини ќе го води ресорот економија, а досегашниот министер Фатмир Бесими преминува на чело на Министерството за одбрана. Министертвото за животна средина ќе го води Абдулаќим Адеми, локалната самоуправа му припадна на Невзат Бејта, а министер за правда ќе биде Блерим Беџети.
Министри без ресор остануваат Неждет Мустафа, Хади Незир и Веле Самак.
Парламентот за предложениот владин состав треба да се произнесе во рок од 15-дена.