Некои градоначалници од политички причини не соработуваат со владата, од што штета трпат граѓаните, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевески во обраќањето на Годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, вчера во Скопје. Тој меѓу општините кои не соработуваат со владата ги посочи Охрид, Струга, Карпош и Куманово

-За жал, некои од градоначалниците одбиваа соработка и крајна цел на нивните политики беше да се во постојан конфликт со Владата, од што најмногу губат граѓаните, рече Груевски. За разлика од овие општини тој ги пофали градоначалниците на Скопје, Центар, Аеродром, Кичево, Прилеп, Битола, Петровец, Илинден и многу други, кои како што рече, се бореле  за интересите на граѓаните.

Во обраќањето пред Унијата на млади сили тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за уште поубедлива победа на претстoјните локални избори, изразувајќи убеденост дека граѓаните ќе ја поддржат политиката на владејачката партија.

OhridNews