Премиерот Никола Груевски на поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан и на сите православни верници и дијаспората од име на Владата им го честита големиот христијански празник – Божик.

„Христовото раѓање и симболиката на Божиќ е една од најсилните поткрепи на секој верник. Овој ден не потсетува дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи и Самиот Тој да постане човек и да ги превземе врз себе сите слабости и гревови на човечковата природа. Токму затоа, Божиќ е најубавиот и најрадосниот христијански празник. Да одбележиме, но и да се потрудиме да вратиме со добри дела, со чиста мисла, со љубов, толеранција и трпение. Да го празнуваме заедништвото со Бога и да се помолиме и во иднина Бог да биде со нас во сите потешкотии за да ги надминеме, во секоја тага за да ја пребродиме и во секоја радост да ја удвоиме. Како денес така и засекогаш, нашите срца и домови нека бидат отворени за нашиот Бог, за сета добрина и милостина, нека од нив блика светлина која ќе ја рашири божиќната магија од милосрдие и радости. Нашите молитви нека донесат многу здравје, успех и благосостојба на сите верници во Република Македонија и секаде во македонската дијаспора. Нека Бог донесе мир и љубов во сечие срце! Нека неговата мудрост ни донесе благосостојба и многуброен пород! Нека е за многу години големиот христијански празник – Божик!“ се вели во честитката на Груевски.

OhridNews

Извор:„Макфакс“