„Повод за моето обраќање до Вас се шпекулациите кои се појавија изминативе денови во дел од грчките медиуми, во кои се пласираше неточна теза дека наводно воопшто не постоела покана или обид за средба со Вас за време на одржувањето на Конгресот на Европската народна партија во Марсеј. Затоа, ја користам оваа прилика да го изразам моето чувство дека можеби станува збор за грешка или забуна на авторот кој ја пласирал таа неточна теза во грчките медиуми, како и уште еднаш да го повторам мојот интерес за реализирање на заедничка средба“, вели Груевски во писмото до Самарас.
„За нас од особено значење е доследното почитување на Времената спогодба од 1995 година, како и изнаоѓањето на взаемно прифатливо решение за разликите за името со Вашата држава. Исчекорувањето напред во евроатланските интегративни процеси на една земја од регионот, ќе биде од големо значење и за стабилноста, просперитетот и придвижувањето напред и на регионот во целина“, смета Груевски.
Самарас ја одби првата покана за средба на Груевски на почетокот на месецот, за време на одржувањето на самитот на ЕПП во Марсеј.
извор:„Макфакс“