Социјалдемократите да изберат нов претседател на ад-хок комисијата за настаните од ланскиот 24-ти декември во и пред Собранието, и да се изгласа извештај каков што им одговора за да не се доведува во прашање септемврискиот извештај на Европската комисија, или брзо да се распишат предвремени парламентарни избори за да се запази истиот рок понуди во саботата навечер премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Обраќањето на Груевски беше првата официјална реакција на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното блокирање на работата на ад-хок комисијата и немањето извештај до крајнито термин 24-ти август што претходно седмицава го договорија со лидерот на најголемата опозициона партија СДСМ, Зоран Заев.

Груевски побара одлуката за неговата понуда да биде донесена до понеделник, бидејќи тоа е крајниот рок за да се распишат изборите, за да се одржат на датумот што тој го бара. Груевски бара СДСМ за ова да се изјасни веднаш, а најдоцна до утре.

Предлагаме Комисијата да се собере веднаш и да изгласа Извештај со надгласување. Ако Давитковски не сака да гласа вака, подготвени сме да прифатиме кој сакаат претседател па и самиот Бранко Црвенковски, Јани Макрадули, Радмила Шекеринска или кого сакаат. Со тоа ќе добиеме партиски извештај и целата јавност ќе знае дека е така но барем ќе го имаме. Втора алтернатива ако ова е неприфатливо. Веднаш во понеделник на итна седница да распишеме вонредни парламентарни избори. Претходно да потпишеме Извештај со правни квалификации по мерка на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе важи само ако ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови на изборите и еден извештај со квалификации по мерка на СДСМ кој ќе стапи во важност доколку СДСМ освои повеќе гласови на изборите.” – рече Груевски.

Пред сѐ во интерес на граѓаните вклучително и евроинтеграциските процеси на земјата работевме и ги одбегнувавме шпекулациите за да се овозможи успешно завршување на работата на ад-хок комисијата за расветлување на настаните од 24-ти декември, но сепак СДСМ покажа дека ниту новото раководство не ги сменило деструктивните политики.” – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На претходно дадената изјава на Заев дека СДСМ нема да учествува на избори кои би биле криминални како што ги квалифиикуваше претходните, Груевски заклучи дека тогаш самито лидер на социјалдемократите станал градоначалник на Струмица на криминален начин на истите тие избори.

OhridNews

извор: „Макфакс“