Премиерот Никола Груевски оствари средба со играчите и стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација, како и со раководството на Ракометната федерација на Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија, на ракометарите им посака добро здравје, спортска среќа и нова радост на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон, што ќе се одржи во Гетеборг, Шведска.

Премиерот Груевски, потенцирајќи ги големите заслуги и среќни моменти кои ракометарите им ги приредија на граѓаните на Република Македонија, ја истакна поддршката на нацијата за ракометарите во совладувањето на следните предизвици.


Претседателот на Владата, посакувајќи им успех на ракометарите во следните натпревари, истакна дека без разлика на епилогот од квалификацискиот турнир, македонските ракометни репрезентативци ќе останат да бидат спортски херои на нацијата и синоним за пријатни моменти кои ги приредуваат на нашите граѓани.

„макфакс“
Ohridnews