„За мене, и за министрите од владата обврската која сме ја презеле кон вас е светост, и од неа нема отстапување. Зборот е даден, а образот мора да остане чист, и утре кога ќе се видиме на улица треба да можеме да Ве погледнеме достоинствено во очи, со чиста совест дека сме го дале нашиот максимум. Затоа и некогаш ако погрешиме, имаме доблест да се извиниме и да се коригираме, затоа што кој работи некогаш и греши, само важно е грешките да не се стратешки и ненадоместливи. А најбитно од се е да се вложува труд и да не се обесхрабруваме, туку да нè води идејата дека само со залагање може да одиме напред“ изјави Груевски во своето видео – обраќање.
Меѓу другото, Груевски ја истакна посветеноста на Владата да направи добри работи за сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, односно и за оние кои ги поддржуваат, но и за оние кои поддржуваат други политички опции.